ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ
Обука за градење на капацитети на Ромски граѓански организации и активисти во областа човековите права, методи на мобилизација и учество во јавниот и политичкиот живот Краен рок за аплицирање: 25 април 2021 Датуми на обука: 8 – 11 мај 2021 Каде: Онлајн /Зоом платформа /Република Северна Македонија Контакт Точката за Ромите и Синтите при Канцеларијата на ОБСЕ за Демократски Институции и Човекови Права (ОБСЕ/ОДИХР) спроведува проект насочен кон зајакнување и градење на капацитетите на поединци Роми и членови на Ромски граѓански организации во областа на човековите права, методите на мобилизација и учество во јавниот и политичкиот живот. Како дел од овој проект, ОДИХР отвора јавен повик за аплицирање на четири-дневна онлајн обука за 20 учесници Роми од Република Северна Македонија. За обуката Целта на оваа обука е да ги зајакне и изгради капацитетите на Роми/ки преку запознавање со концептите на човековите права, како и граѓанските, политичките, економските, социјалните и културните права. Обуката ќе ги изгради и знаењата на учесниците за учество во јавниот и политичкиот живот, методи за активно учество, методи за мобилизација /вклучување на заедницата, како и застапување и сродни концепти. Како дел од обуката, избраните учесници ќе развијат акциони планови за заедницата насочени кон решавање на проблемите во нивните заедници. ОДИХР може да биде во позиција да поддржи реализација на избрани акциони планови за заедницата и да обезбеди менторство засновано врз идентификувани потреби. За кого е оваа обука? Обуката е дизајнирана за Роми/ки кои доаѓаат од или живеат во градови/општини каде има значително население на Роми/ки, градови/општини кои до ограничен степен имаат развиени активности во областа на човекови права, методи на мобилизација и учество во јавниот и политичкиот живот и/или добиле умерена поддршка од граѓански организации. Во тој поглед, ОДИХР особено ги охрабрува Ромите/ките кои доаѓаат од градовите/општините Берово, Виница, Дебар, Кичево и Шуто Оризари и Топаана (Чаир и Центар) во Скопје, да се пријават за оваа обука. Додека предност ќе имаат пред се кандидатите кои доаѓаат од овие места, повикот е отворен за Роми/ки од цела Република Северна Македонија. Апликантите за оваа обука, треба да имаат добро познавање за состојбата на Ромите на локално ниво, проблемите кои ги засегаат тие населени места и да бидат мотивирани да се вклучат во процес со нивните заедници за решавање на проблемите преку мобилизација и соработка со локалните власти. Апликантите треба да имаат основно разбирање на принципите за човекови права и учеството во јавниот и политичкиот живот. Апликации од Ромски активисти и Роми кои работат во различни граѓански организации се добредојдени, доколку се активни на локално ниво. Заинтересираните Ромски лица кои одговараат на горе наведениот профил се добредојдени да ја достават својата апликација до 22 април 2021 година со пополнување на овој онлајн формулар. Прашања? Доколку имате било какви прашања, контактирајте го Јашар Јашаров, Програмски Офицер на: Jashar.Jasharov@odihr.pl